Бескрајна приказна е дело напишано од страна на Михаил Енде кој претставува фантазија, а во заден план е авантурата.
Во делото главната улога ја има Бастијан Балтазар Бак, кој е момче од 12 годишна возраст. Бастијан не е сакан од децата од неговото одделение и постојано е малтретиран, а причината е тоа што е поразличен од сите нив. Момчето Бастијан има само еден интерес- читањето и измислување приказни и книги. Но иако тој се обвинува себеси за тоа, токму таа разлика кје му ја донесе најдобрата авантура во животот.
Бегајќи од неговите соученици по училиште, Бастијан случајно влегива во една книжарница. Таму го наоѓа сопственикот на книжарницата како чита необична книга која веднаш го привлекува. По краткиот разговор со сопственикот, телефонот ѕвони, а Бастијан го користи моментот да ја украде книгата со наслов ,,Бескрајна приказна''.
Во ,,Бескрајна приказна'' се запознаваме со царството Фантазија. Ова е царство каде во слога живеат многу чудни суштества. Но на ова чудно царство му претстои огромен проблем. Детската Кралица треба да биде спасена од страшното Ништо. Тогаш се појавува јунакот од ,,Бескрајна приказна"- Атреј. Атреј мора да помин низа од препреки и проблеми за да дојде до лекот кој и е потребен на Детската Кралица.
Како врвен настан во ова дело е средбата на Бастијан и Атреј. Решавајќи секакви проблеми, Атреј и Бастијан, од два различни света, се погледнуваат во очи: го чувствуваат присуството, гласот.....
Работите почнуваат да се разрешуваат по средбата на Атреј со волкот Морг. Тој тогаш всушност дознава што е потребно за Фантазија да биде спасена од Ништото. Она што треба да се направи е луѓето да не губат надеж, да бидат креативни и нормално да фантазираат.
Атреј се враќа во престолнината на Фантазија, тажен дека не успеал да најде решение за Ништото што го зафаќа целото царство. Тогаш кралицата му кажува дека има едно решение: Бастијан да и даде ново име. Тогаш Бастијан и го дава ново име и Фантазија е спасена од Ништото.
Friday, December 22, 2017
Sunday, November 26, 2017
Анализа на ликот на Рафаел Ди Валентин
,,Шагринска кожа" е дело на францускиот писател Оноре Де Балзак. Во ова дело се зборува за Рафаел Ди Валентин, кој на многу лош начин учи што е поважно во животот. Оноре Де Балзак, со својот величенствен начин на пишување, ни го доловува секој миг од животот на Рафаел и неговото страдање.
Рафаел е младо момче кое живее во Париз и својот живот го посветува на коцкање. Општеството во тој период може да се опише како општество во кое се гледаат моќта и парите и каде коцката е главната разонода. Ликот на Рафаел, главниот лик во делото, претставува статичен лик. Како главни показатели за тоа се што тој не презема никакви мерки да се одвикне од коцкањето и живее според правилата на коцката, што со текот на времето го вовлекува во провалија од која нема излез. Како лик се опишува и како прост, затоа што не владее со голем број на карактеристики што би го граделе неговиот карактер. Така што се доаѓа до заклучок дека Рафаел е беден коцкар без цели во својот беден живот.
Рафаел, во главно, сите ликови го гледаат како наивен бедник кој е лесно да се измами. Едни од тие ликови се останатите ковкари од коцкарницата. Од друга страна, продавачот во продавнивата со антиквитети го гледа како алчен човек затоа што Рафаел веднаш се согласува да ја земе кожата што тој му ја нуди. Само Полина во Рафаел ја гледа љубовта на својот живот и човек за кој вреди да си го скратиш животот.
На крајот на делото, Рафаел ја сфаќа својата грешка. Грешката на алчноста. Грешката предизвикана од желбата за богатство и моќ. Тоа тој го разбира од Полина, девојката во која се вљубува. Тогаш тој сфаќа што е важно во животот. Дека е важна среќата и љубовта, а не моќта и парите. Но за жал, тој тоа го разбира кога е на работ на својот живот. Животот на Рафаел завршува откако шагринската кожа се тропи по неговата последна желба, а тоа е да ја прегрне Полина.
Делото ,,Шагринска кожа" е дело кое ни покажува како со магичен предмет Рафаел учи за животот. Ова дело сака да ни каже дека важна е среќата а не парите и дека треба да се трудиме да бидеме среќни во животот бидејќи со тоа сме многу побогати отколку да имаме пари.
Рафаел е младо момче кое живее во Париз и својот живот го посветува на коцкање. Општеството во тој период може да се опише како општество во кое се гледаат моќта и парите и каде коцката е главната разонода. Ликот на Рафаел, главниот лик во делото, претставува статичен лик. Како главни показатели за тоа се што тој не презема никакви мерки да се одвикне од коцкањето и живее според правилата на коцката, што со текот на времето го вовлекува во провалија од која нема излез. Како лик се опишува и како прост, затоа што не владее со голем број на карактеристики што би го граделе неговиот карактер. Така што се доаѓа до заклучок дека Рафаел е беден коцкар без цели во својот беден живот.
Рафаел, во главно, сите ликови го гледаат како наивен бедник кој е лесно да се измами. Едни од тие ликови се останатите ковкари од коцкарницата. Од друга страна, продавачот во продавнивата со антиквитети го гледа како алчен човек затоа што Рафаел веднаш се согласува да ја земе кожата што тој му ја нуди. Само Полина во Рафаел ја гледа љубовта на својот живот и човек за кој вреди да си го скратиш животот.
На крајот на делото, Рафаел ја сфаќа својата грешка. Грешката на алчноста. Грешката предизвикана од желбата за богатство и моќ. Тоа тој го разбира од Полина, девојката во која се вљубува. Тогаш тој сфаќа што е важно во животот. Дека е важна среќата и љубовта, а не моќта и парите. Но за жал, тој тоа го разбира кога е на работ на својот живот. Животот на Рафаел завршува откако шагринската кожа се тропи по неговата последна желба, а тоа е да ја прегрне Полина.
Делото ,,Шагринска кожа" е дело кое ни покажува како со магичен предмет Рафаел учи за животот. Ова дело сака да ни каже дека важна е среќата а не парите и дека треба да се трудиме да бидеме среќни во животот бидејќи со тоа сме многу побогати отколку да имаме пари.
Saturday, November 18, 2017
Есејска анализа на ликот на Бак од ,,Повик на дивината"- Џ. Лондон

Дивината во кој Бак е принуден да живее, е место каде владее законот на посилниот или законот на крвот и забите. Под тоа се подразбира да немаш милост и да бидеш храбар ако сакаш ти да владееш со другите, а не тие да владеат со тебе. Бак веднаш штом пристигнува во дивиот север, го сфаќа ова и работи на себе да се прилагоди на средината.
Дивината всушност го гради Бак како лик со разновидност од карактеристики и лик кој се бори за себе и за својот опстанок. Бак претставува динамичен лик. На тоа укажуваат многу работи, како што се: тој зазема свој став, се бори за својата слобода кога го продаваат...
Комплексноста на ликот, се забележува од тоа со колку карактеристики тој преовладува. Бак е храбро и издржливо куче кое се бори за себе и никогаш не бега од борба и не е кукавица. Тоа се забележува во борбата со Шпиц, каде всушност тој го бара поводот за да се започне борбата, и во нејзиниот тек издржува и не се откажува. Исто така во приказната на Џон Торнтон, Бак влегува во водата за да си го спаси сопственикот од давење. Верноста на Бак кон запрегата, се гледа во тоа како тој се бори за да го добие водечкото место, никогаш не ја остава запрегата се до моментот кога Џон Торнтон го зема затоа што е малтертиран од страна на Хал. Како верен пријател се покажува кон Торнтон, на кој му изразува голема пријателска љубов и кој го брани од се.
Сето ова, придонесува сите ликови Бак да го гледаат со различни очи. Шпиц го гледа Бак како верен непријател уште од нивното соединување во запрегата. Цело време тој го напаѓа, пробува да ги сврти сите против него, но во тоа не успева и затоа е победен. По борбата со Шпиц, Франсоа го потврдува своето мислење за Бак. Тој целосно го зазема ставот дека Бак е храбро куче и го споредува со два демони. Џон Торнтон пак, Бак го смета како послушно и верно куче, кое се прави за да го спаси од невоља.
Низ целото дело, како и низ сите авантури на Бак, може да се донесе заклучок дека Бак е куче кое секој би посакал да го има.
Monday, October 16, 2017
Есејска анализа на ликовите од делото ,, Сердарот" на Г. Прличев


Трите главни ликови во делото се:
* Кузман Капидан ( сердарот)- низ поемата, Прличев го има објаснето ликот на Кузман како борец, храбар, бестрашен лик кој и својот живот би го дал за својот народ и своето родно место. Пред се тој е син кој има огромна почит кон својата мајка Неда и почит кон својот татко кој исто така бил сердар. Тој всушност својата желба да биде сердар ја јавил уште од мали нозе кога сонувал да има огромен меч околу половината, со кој ќе го брани народот, а воедно сака и да го одмазди својот татко кој трагично загинал бранејќи го својот народ. Во поемата се опишани неговите подвизи, неговата огромна храброст и решителност, како и борбите со Гегите ( Албанците) во која тој и загинал.
* Неда- Прличев низ целата поема ликот на Неда го има опишан како жена која и покрај своите години има јака става, жена која има став, која е решителна, храбра и борец како својот храбар син Кузман. Пред се таа претставува мајка, која во својот живот го има само Кузман. И покрај тешката судбина на својот син, таа останува на нозе и силно ја претрпува неговата смрт, што ретко која мајка би го постигнала тоа . Кога го добива ветувањето од Албанците дека нејзината куќа нема да биде допрена, таа сака повеќе, односно бара целото село да биде безбедно и да не биде допрено од бандите на Гегите, а со тоа се докажува колку таа го сака својот народ и се грижи за него.
* Гегите (Албанците)- Гегите во поемата на Прличев, како еден лик, се всушност главниот противник на Кузман и меѓу нив е и главниот судир во делото. Опишани се како злосторници, непријатели на народот и на Кузман, убијци на Кузман... Тие го вршеле теророт врз народот, ограбувајќи го и нанесувајќи му зло. Кузман затоа и не ги сакал, односно ги мразел и се борел против нив. Во една од битките всушност тој и неговата дружина загинуваат. Но и покрај големиот број на лоши карактеристики и постапки, тие имаат храброст и го враќаат телото на Кузман на неговата мајка Неда, оддавајќи и почит и ветувајќи и дека нема да ја допрат нејзината куќа, а и по барање на Неда тие ветуваат дека нема да ги допрат ни другите селани.
Ова дело од Прличев плени со својата содржина, низ која се забележува колку Кузман е поврзан за своето родно место и за својот народ, па за да го одбрани од Гегите дури и својот живот го дава. Делото и ни го објаснува тешкиот живот на македонскиот народ, кој низ многу тешкотии и малтретирања морал да помине, а и животот на Гегите, кои во делото се крвници, но сепак накрајот оддават почит на Кузман Капидан, македонскиот заштитник.
Sunday, October 8, 2017
Анализа на делото ,, Илијада” од Хомер
,, Илијада” е прекрасно дело напишано од страна на грчкиот писател Хомер, кој оваа книга ја темели врз настани од Тројанската војна. Низ книгата, во која опишува мал период од десетата завршна година на војната, се забележува и значењето на боговите во тој период.
Како судир во ова дело се зема кавгата меѓу Агамемнон и Ахил, кои влегуваат во кавга поради тоа што Агамненон му ја земал Брисеида на Ахил во замена на Хрисеида, која ја вратил на татко и Хрис. Ахил, водачот на Ахајската војска и јунакот на Ахајците, многу се лути кога ја дознава постапката на Агамненон, кралот на Ахајците. Ова доведува мајката на Ахил да побара од Зевс да го убеди Агамненон да оди во војна. Зевс му праќа порака на сон на Агамемнон, а тој решава да оди во војна и како повод го зема грабнувањето на Елена, жената на брат му Менелај. Но во војната лутиот Ахил не зема учество.
Ахајците одат во војна против Троја, но воената среќа се повеќе е на страна на Тројанците, бидејќи тие го имаат тројанскиот јунак Хектор и воедно боговите повеќе им помагаат. Се пожестоки битки се водат помеѓу Ахајците и Тројанците од ден на ден, но тоа не го убедува Ахил да оди во војната. Кога Ахајците веќе се скоро потиснати до нивните бродови, Патрокле, најверниот другарот на Ахил, оди во војната со цел да им помогне на Ахајците. Облечен во облеката на Ахил, силниот Патрокле трга во војната, но по кратко време тој е убиен од страна на Хектор. По телото на Патрокле доаѓа Ахил, кој откако ја дознава веста е многу тажен и истовремено лут, што во делото претставува кулминацијата или врвот на чувствата. Откако го зема Патрокле, Ахил го закопува и приредува игри и гозба во негова чест. Убиството на Патрокле всушност и претставува повод за борбата меѓу Ахил и Хектор.
Ахил и Хектор, неговиот непријател, конечно се сретнуваат на бојното поле. Во битката Ахил победува убивајќи го Хектор, а потоа го зема и неговото тело и го носи во своите шатори. Пријам, таткото на Хектор и воедно кралот на Троја, спрема дарови за откуп на телото на својот син и оди кај Ахил. Ахил ги прифаќа даровите и го дава телото, а со ова е склучен дванаесет дневен мир меѓу Ахајците и Тројанците. Пријам откако го зема телото на сина си, приредува свечен закоп. Ова претставува разрешувачкиот настан и крајот на делото на Хомер.
Ова дело кај мене остави силен впечаток поради својата непредвидлива содржина како и изобилството на ликови и нивните карактеристики.
Friday, March 31, 2017
Биографија на Каролина Гочева ( оценување на групната работа)
За 16. III 2017, наставничката по македонски јазик, Валентина Петрова, ни зададе проектна задача за обработка на биографија за некоја личност. Таа не не подели по групи, туку ние сами се определивме со кој ќе бидеме во група. Групата требаше да брои 3 члена. Јас бев во група со моите соученички Марија Лекиќ и Елена Стаматовска.
Личноста, чија биографија ја обработувавме, ја добивме така што лидерот на групата ( во мојата група лидер беше Марија Лекиќ) влечеше ливче. Ја добивме Каролина Гочева, позната македонска пејачка, и се одлучивме нашата презентација да биде во Power Point. Како извори на информација ги користевме: Википедија( Wikipedia), официјалниот сајт на Каролина Гочева и тајм.мк ( time.mk). Најголема помош ни беше планот за тоа кои информации треба да ги содржи биографијата, кој го работевме со наставничката Валентина на еден од часовите по македонски јазик.
Имавме одлична соработка, секоја од нас даваше свое мислење, помагаше, наоѓаше информации. Воедно, научивме нешто една од друга. Од Марија Л. научив и ги подобрив моите вештини во работење на Power Point, а од Елена дека и интервијуа можат да служат како извор на некоја информација. Сметам дека имавме солиден проект и презентациција, но секогаш може подобро. Можевме подобро да испрезентираме, да додадеме нешто во презентацијата што ќе не разликува од другите. Се на се сум задоволна од нашата соработка и успехот што го постигнавме.
Sunday, February 26, 2017
,, Времеплов''- Х. Џ. Велс ( Колаборативна табела)
За обработка на делото ,, Времеплов'' од Х.Џ. Велс добивме интересна задача од страна на нашата наставничка по македонски јазик Валентина. Задачата беше да ги напишеме најважните настани а потоа да ги пронајдеме чувствата, судирот и ликовите. Бевме поделени во 7 групи, а јас бев лидер во група заедно со Симеон Чаушевски и Давид Богоевски. Навистина задачата беше одлично смислена, каде што ќе работат сите членови од групата.
Како лидер , неможам да се пожалам дека некој од групата не работеше. Сите заедно, со предходен договор ги поделивме задачите и истите ги завршивме.Јас работев на чувствата, Симеон на судирот/ проблемот а Давид на ликовите. Си помагавме меѓусебе, за сите да ги завршиме задачите најдобро што може.
Во врска со мојата работа, сметам дека солидно ја завршив. Јас бев определена за чувствата како и за четири настани. Задачата не беше баш најлесна, но беше интересна и ја завршив до определениот рок.
Задоволна сум од нашата соработка и од резултатите, и се надевам дека и во иднина ќе го постигнуваме истото.
Лектира бр. 8 „Времеплов“
Х. Џ. Велс
Група 2: Марија Саздовска
Настан
|
ликови
|
судир/проблем
|
чувства
|
|
|
Времепловецот немал поддршка ,сите му се потсмевале кога им спомнал дека постои четврта димензија за патување низ времето.
|
Времепловецот: Возбуда, сакајки да им објасни на присутните за што всушност зборува
Гостите ( Филби, лекарот,психологот, млад човек, општински претседател) : љубопитство ( сакаат да дознаат за што всушност се работи и која е целта на времепловецот) неверување ( неможат да поверуваат во тоа што го зборува времепловецот, дека направил, машина за патување низ времето) |
|
|
Откако влегол Времепловецот сите почнале да му завидуваат,довербата во него се повеќе се зголемувала.
|
Гостите ( Филби, лекарот, новинарот,психологот, г. Бленк, брадест човек) зачуденост- времепловецот влегува во собата валкан и искинат и сите се зачудени поради неговата состојба-, љубопитство- сите ги интересира што всушност се случило.
Времепловецот: олеснување дека се вратил дома |
|
Времепловецот: умрен од патувањето, но и воодушевен од свјата временска машина. Ги покажува своите чувства кон убавината и новиот свет. Непријатните чувства му се претвараат во хистерична веселост и возбуда.
|
Времепловецот не се откажувал од неговата машина и продолжил со патувањата,сакал да им докаже на луѓето дека сето тоа што го зборувал е вистина
|
Времепловецот: изненаденост- доаѓа во сосем нов свет, изненаден е од тоа како изгледа светот во иднината , љубопитство- сака да дознае повеќе, да истражи
|
|
Малото суштество: косата им била кадрава,ушите премногу мали, брадите шилести, а нивните очи биле големи со нежен поглед. Јазикот на кој зборувале меѓусебе бил милозвучен и наликувал на птичја песна.
|
Времепловецот не го разбира јазикот на луѓето во иднината но се обидува да го научи
|
Времепловецот: љубопитство- ги запознава луѓето од идинината, чудни му се, сака да го заучи нивниот јазик
Елоите: зачудени бидејќи доаѓа суштество кое е сосем различно од нив. |
|
|
Времепловецот е доста нервозен ,бидејки времепловот е украден.
|
Времепловецот: испаниченост, нервоза поради то што го нема времепловот, а доколку не го најде нема да може да се врати назад.
Вина: љубов кон времепловецот бидејќи ја спасил од давење.
|
|
|
Времепловецот не може да го најде излеот од тунелот во кој се изгубил
|
Времепловецот:
Неизвесност, незнае дали ќе го најде времепловот, незнае што може да има внатре во тунелот. Љубопитство, сака да дознае кои се суштествата кои ги сретнува во тунелот. Страв, бидејќи го бркаат Морлоците. Вина: преплашена бидејќи времепловецот оди во тунелот. |
|
|
Времепловецот сеуште не може да го најде излезот од тунелот
|
Времепловецот: страв од Морлоците
|
|
|
Времепловецот бил доста возбуден откако ги видел тие чудни работи во палатата
|
Времепловецот: љубопитство, сака да разгледа што се има во зградата, да пребара и да најде дали има некои потребни работи.
Вина: љубопитство, бидејќи гледа нови и интересни работи Страв, бидејќи мисли дека ќе ги нападнат Морлоците кога ќе се стемни. |
|
|
Времепловецот и вина додека биле во шумата незнаејќи дека се оддалечуваат еден од друг,тие се изгубиле
|
Времепловецот: страв, бидејќи може да го нападнат Морлоците неизвесност, незнае од која страна ќе нападнат, незнае кога ќе излезат од шумата.
Вина: страв од Морлоците. |
|
|
Времепловецот оди каде што мисли дека ќе ја најде машината за да се врати во својот роден крај
|
Времепловецот: среќа,бидејќи го наоѓа времепловот
Возбуда, бидејќи ќе се врати дома. |
|
|
Времепловецот сеуште не се откажува од патувањата кон иднината
|
Времепловецот:изненаденост, бидејќи гледа свет без луѓе, свет во кој животот само што не згаснал.
|
|
|
Времепловецот отишол далеку во иднината со неговата машина и никогаш повеќе не се вратил назад кон својот роден крај.
|
Времепловецот: среќа,бидејќи се враќа дома, ги гледа своите пријатели
Решителен, сака да им покаже на своите пријатели дека навистина патувал низ иднината, и затоа повторно тргнува на пат земајќи и фотоапарат за да донесе докази. |
Friday, February 10, 2017
Дали времето во коешто живеам е најдобро за младите од мојата генерација?
Порано си беше порано.
Оваа изрека често ја слушаме од постарите.А, и имаат право, барем според мене.
Денеска сме зависни од технологијата, разни смартфони, таблети, лаптопи и што ли не.Времето го поминуваме затворени во собите, гледајќи во мониторите, наместо да излеземе надвор и да се дружиме.
Не само што сме дома цел ден пред мониторите и телефоните, туку и на роденденски забави и други прослави го правиме тоа.Се знаело како се прават роденденски забави и други прослави порано, со игра, разни песни и танцување.Денес типично е да сите да седиме и да си прелистуваме нешто по телефонот, а славеникот очекувал забава на која ќе се танцува, пее и сите ќе се дружат.
Една од најлошите работи на денешницата е што се помалку има вистинска дружба.Поделени се момчиња и девојчиња, поделени сме во групи, нема надвор заеднички игри...Еден ден можеби нема да има ни пријатели.
Светот порано бил многу поразличен.Имало вистински забави, денови полни со дружба и заеднички игри.Денес тоа се помалку го има, а еден од битните фактори за тоа е технологијата.
Subscribe to:
Posts (Atom)