Monday, October 16, 2017

Есејска анализа на ликовите од делото ,, Сердарот" на Г. Прличев




,,Сердарот е поема напишана од страна на Глигор Прличев, за која тој бил наречен и втор Хомер. Оваа поема е една од најзначајните негови дела за која тој и добил Златен венец. Главната тема во делото се подвизите на серадор Кузман Капидан, чиј главен противник се Гегите, а како помошник е неговата мајка Неда. Идејата на делото е да се прикаже животот на македонскит народ во тоа време и тешкотиите кои тој ги трпел.

Трите главни ликови во делото се:

* Кузман Капидан ( сердарот)- низ поемата, Прличев го има објаснето ликот на Кузман како борец, храбар, бестрашен лик кој и својот живот би го дал за својот народ и своето родно место. Пред се тој е син кој има огромна почит кон својата мајка Неда и почит кон својот татко кој исто така бил сердар. Тој всушност својата желба да биде сердар ја јавил уште од мали нозе кога сонувал да има огромен меч околу половината, со кој ќе го брани народот, а воедно  сака и да го одмазди својот татко кој трагично загинал бранејќи го својот народ. Во поемата се опишани неговите подвизи, неговата огромна храброст и решителност, како и борбите со Гегите ( Албанците) во која тој и загинал.

* Неда-  Прличев низ целата поема ликот на Неда го има опишан како жена која и покрај своите години има јака става, жена која има став, која е решителна, храбра и борец како својот храбар син Кузман. Пред се таа претставува мајка, која во својот живот го има само Кузман. И покрај тешката судбина на својот син, таа останува на нозе и силно ја претрпува неговата смрт, што ретко која мајка би го постигнала тоа . Кога го добива ветувањето од Албанците дека нејзината куќа нема да биде допрена, таа сака повеќе, односно бара целото село да биде безбедно и да не биде допрено од бандите на Гегите, а со тоа се докажува колку таа го сака својот народ и се грижи за него.

* Гегите (Албанците)- Гегите во поемата на Прличев, како еден лик, се всушност главниот противник на Кузман и меѓу нив е и главниот судир во делото. Опишани се како злосторници, непријатели на народот и на Кузман, убијци на Кузман... Тие го вршеле теророт врз народот, ограбувајќи го и нанесувајќи му зло. Кузман затоа и не ги сакал, односно ги мразел и се борел против нив. Во една од битките всушност тој и неговата дружина загинуваат. Но и покрај големиот број на лоши карактеристики и постапки, тие имаат храброст и го враќаат телото на Кузман на неговата мајка Неда, оддавајќи и почит и ветувајќи и дека нема да ја допрат нејзината куќа, а и по барање на Неда тие ветуваат дека нема да ги допрат ни другите селани.

Ова дело од Прличев плени со својата содржина, низ која се забележува колку Кузман е поврзан за своето родно место и за својот народ, па за да го одбрани од Гегите дури и својот живот го дава. Делото и ни го објаснува тешкиот живот на македонскиот народ, кој низ многу тешкотии и малтретирања морал да помине, а и животот на Гегите, кои во делото се крвници, но сепак накрајот оддават почит на Кузман Капидан, македонскиот заштитник.

No comments:

Post a Comment