
Дивината во кој Бак е принуден да живее, е место каде владее законот на посилниот или законот на крвот и забите. Под тоа се подразбира да немаш милост и да бидеш храбар ако сакаш ти да владееш со другите, а не тие да владеат со тебе. Бак веднаш штом пристигнува во дивиот север, го сфаќа ова и работи на себе да се прилагоди на средината.
Дивината всушност го гради Бак како лик со разновидност од карактеристики и лик кој се бори за себе и за својот опстанок. Бак претставува динамичен лик. На тоа укажуваат многу работи, како што се: тој зазема свој став, се бори за својата слобода кога го продаваат...
Комплексноста на ликот, се забележува од тоа со колку карактеристики тој преовладува. Бак е храбро и издржливо куче кое се бори за себе и никогаш не бега од борба и не е кукавица. Тоа се забележува во борбата со Шпиц, каде всушност тој го бара поводот за да се започне борбата, и во нејзиниот тек издржува и не се откажува. Исто така во приказната на Џон Торнтон, Бак влегува во водата за да си го спаси сопственикот од давење. Верноста на Бак кон запрегата, се гледа во тоа како тој се бори за да го добие водечкото место, никогаш не ја остава запрегата се до моментот кога Џон Торнтон го зема затоа што е малтертиран од страна на Хал. Како верен пријател се покажува кон Торнтон, на кој му изразува голема пријателска љубов и кој го брани од се.
Сето ова, придонесува сите ликови Бак да го гледаат со различни очи. Шпиц го гледа Бак како верен непријател уште од нивното соединување во запрегата. Цело време тој го напаѓа, пробува да ги сврти сите против него, но во тоа не успева и затоа е победен. По борбата со Шпиц, Франсоа го потврдува своето мислење за Бак. Тој целосно го зазема ставот дека Бак е храбро куче и го споредува со два демони. Џон Торнтон пак, Бак го смета како послушно и верно куче, кое се прави за да го спаси од невоља.
Низ целото дело, како и низ сите авантури на Бак, може да се донесе заклучок дека Бак е куче кое секој би посакал да го има.
No comments:
Post a Comment