Sunday, November 26, 2017

Анализа на ликот на Рафаел Ди Валентин

,,Шагринска кожа" е дело на францускиот писател Оноре Де Балзак. Во ова дело се зборува за Рафаел Ди Валентин, кој на многу лош начин учи што е поважно во животот. Оноре Де Балзак, со својот величенствен начин на пишување, ни го доловува секој миг од животот на Рафаел и неговото страдање.
Рафаел е младо момче кое живее во Париз и својот живот го посветува на коцкање. Општеството во тој период може да се опише како општество во кое се гледаат моќта и парите и каде коцката е главната разонода. Ликот на Рафаел, главниот лик во делото, претставува статичен лик. Како главни показатели за тоа се што тој не презема никакви мерки да се одвикне од коцкањето и живее според правилата на коцката, што со текот на времето го вовлекува во провалија од која нема излез. Како лик се опишува и како прост, затоа што не владее со голем број на карактеристики што би го граделе неговиот карактер. Така што се доаѓа до заклучок  дека Рафаел е беден коцкар без цели во својот беден живот.
Рафаел, во главно, сите ликови го гледаат како наивен бедник кој е лесно да се измами. Едни од тие ликови се останатите ковкари од коцкарницата. Од друга страна, продавачот во продавнивата со антиквитети го гледа како алчен човек затоа што Рафаел веднаш се согласува да ја земе кожата што тој му ја нуди. Само Полина во Рафаел ја гледа љубовта на својот живот и човек за кој вреди да си го скратиш животот.
На крајот на делото, Рафаел ја сфаќа својата грешка. Грешката на алчноста. Грешката предизвикана од желбата за богатство и моќ. Тоа тој го разбира од Полина, девојката во која се вљубува. Тогаш тој сфаќа што е важно во животот. Дека е важна среќата и љубовта, а не моќта и парите. Но за жал, тој тоа го разбира кога е на работ на својот живот. Животот на Рафаел завршува откако шагринската кожа се тропи по неговата последна желба, а тоа е да ја прегрне Полина.
Делото ,,Шагринска кожа" е дело кое ни покажува како со магичен предмет Рафаел учи за животот. Ова дело сака да ни каже дека важна е среќата а не парите и дека треба да се трудиме да бидеме среќни во животот бидејќи со тоа сме многу побогати отколку да имаме пари.

No comments:

Post a Comment