Sunday, October 8, 2017

Анализа на делото ,, Илијада” од Хомер


,, Илијадае прекрасно дело напишано од страна на грчкиот писател Хомер, кој оваа книга ја темели врз настани од Тројанската војна. Низ книгата, во која опишува мал период од десетата завршна година на војната, се забележува и значењето на боговите во тој период.
 
Како судир во ова дело се зема кавгата меѓу Агамемнон и Ахил, кои влегуваат во кавга поради тоа што Агамненон му ја земал Брисеида на Ахил во замена на Хрисеида, која ја вратил на татко и Хрис. Ахил, водачот на Ахајската војска и јунакот на Ахајците, многу се лути кога ја дознава постапката на Агамненон, кралот на Ахајците. Ова доведува мајката на Ахил да побара од Зевс да го убеди Агамненон да оди во војна. Зевс му праќа порака на сон на Агамемнон, а тој решава да оди во војна и  како повод го зема грабнувањето на Елена, жената на брат му Менелај. Но во војната лутиот Ахил не зема учество.
  Ахајците одат во војна против Троја, но воената среќа се повеќе е на страна на Тројанците, бидејќи тие го имаат тројанскиот јунак Хектор и воедно боговите повеќе им помагаат. Се пожестоки битки се водат помеѓу Ахајците и Тројанците од ден на ден, но тоа не го убедува Ахил да оди во војната. Кога Ахајците веќе се скоро потиснати до нивните бродови, Патрокле, најверниот другарот на Ахил, оди во војната со цел да им помогне на Ахајците. Облечен во облеката на Ахил, силниот Патрокле трга во војната, но по кратко време тој е убиен од страна на Хектор. По телото на Патрокле доаѓа Ахил, кој откако ја дознава веста е многу тажен и истовремено лут, што во делото претставува кулминацијата или врвот на чувствата. Откако го зема Патрокле, Ахил го закопува и приредува игри и гозба во негова чест. Убиството на Патрокле всушност и претставува повод за борбата меѓу Ахил и Хектор.
   Ахил и Хектор, неговиот непријател, конечно се сретнуваат на бојното поле. Во битката Ахил победува убивајќи го Хектор, а потоа го зема и неговото тело и го носи во своите шатори. Пријам, таткото на Хектор и воедно кралот на Троја, спрема дарови за откуп на телото на својот син и оди кај Ахил. Ахил ги прифаќа даровите и го дава телото, а со ова е склучен дванаесет дневен мир меѓу Ахајците и Тројанците. Пријам откако го зема телото на сина си, приредува свечен закоп. Ова претставува разрешувачкиот настан и крајот на делото на Хомер.
  Ова дело кај мене остави силен впечаток поради својата непредвидлива содржина како и изобилството на ликови и нивните карактеристики.

No comments:

Post a Comment