Sunday, February 26, 2017

,, Времеплов''- Х. Џ. Велс ( Колаборативна табела)


  За обработка на делото ,, Времеплов'' од Х.Џ. Велс добивме интересна задача од страна на нашата наставничка по македонски јазик Валентина. Задачата беше да ги напишеме најважните настани а потоа да ги пронајдеме чувствата, судирот и ликовите. Бевме поделени во 7 групи, а јас бев лидер во група заедно со Симеон Чаушевски и Давид Богоевски. Навистина задачата беше одлично смислена, каде што ќе работат сите членови од групата.


  Како лидер , неможам да се пожалам дека некој од групата не работеше. Сите заедно, со предходен договор ги поделивме задачите и истите ги завршивме.Јас работев на чувствата, Симеон на судирот/ проблемот а Давид на ликовите. Си помагавме меѓусебе, за сите да ги завршиме задачите најдобро што може.
  Во врска со мојата работа, сметам дека солидно ја завршив. Јас бев определена за чувствата како и за четири настани. Задачата не беше баш најлесна, но беше интересна и ја завршив до определениот рок.
  Задоволна сум од нашата соработка и од резултатите, и се надевам дека и во иднина ќе го постигнуваме истото.
Лектира бр. 8 „Времеплов“
Х. Џ. Велс


Група 2: Марија Саздовска


Настан
ликови
судир/проблем
чувства
  1. Четвртата димензија ( времето) и машината за патување низ иднината ( Се одржува состанок во клубот, каде што тој зборува дека постои четврта димензија во просторот, а таа димензија е времето. Воедно ја покажува и машината за патување низ иднината, но никој не верува во неговите зборови.)
  • Времепловецот: умен господин, кој зборува дека постои четвртата димензија, и верува во тоа што зборува иако никој не го поддржува
    - г. Филби- има црвена коса и е верен пријател на времепловецот
Времепловецот немал поддршка ,сите му се потсмевале кога им спомнал дека постои четврта димензија за патување низ времето.
Времепловецот: Возбуда, сакајки да им објасни на присутните за што всушност зборува
Гостите ( Филби, лекарот,психологот, млад човек, општински претседател) : љубопитство ( сакаат да дознаат за што всушност се работи и која е целта на времепловецот) неверување ( неможат да поверуваат во тоа што го зборува времепловецот, дека направил, машина за патување низ времето)
  1. Патувањето низ иднината ( по неколку дена повторно се одржува состанок на кој биле присутни времепловецот, лекарот, Филби, новинарот. Времепловецот се враќа во многу лоша состојба која ги изненадува сите.)
  • Времепловецот: се враќа извалкан, искинат. Зборува чудни работи на кои никој не му верува.
    - г. Бленк- издавач
    - еден тивок и брадест човек
    - новинарот
Откако влегол Времепловецот сите почнале да му завидуваат,довербата во него се повеќе се зголемувала.
Гостите ( Филби, лекарот, новинарот,психологот, г. Бленк, брадест човек) зачуденост- времепловецот влегува во собата валкан и искинат и сите се зачудени поради неговата состојба-, љубопитство- сите ги интересира што всушност се случило.
Времепловецот: олеснување дека се вратил дома
  1. Пристигнување во иднината ( Времепловецот тргнува во новиот свет. Иако машината не е стабилна, сепак тој издржува и не се плашел. Кога пристигнал, наоколу имало зеленило и падини. Новиот свет навистина му се допаѓал.)
Времепловецот: умрен од патувањето, но и воодушевен од свјата временска машина. Ги покажува своите чувства кон убавината и новиот свет. Непријатните чувства му се претвараат во хистерична веселост и возбуда.
Времепловецот не се откажувал од неговата машина и продолжил со патувањата,сакал да им докаже на луѓето дека сето тоа што го зборувал е вистина
Времепловецот: изненаденост- доаѓа во сосем нов свет, изненаден е од тоа како изгледа светот во иднината , љубопитство- сака да дознае повеќе, да истражи
  1. Времепловецот се запознава со луѓето од иднината ( Набргу по пристигањето, времепловецот се соочува со луѓето од иднината. Тие биле многу дружељубиви и фини, имале кадрава коса и биле прилично ниски.)
Малото суштество: косата им била кадрава,ушите премногу мали, брадите шилести, а нивните очи биле големи со нежен поглед. Јазикот на кој зборувале меѓусебе бил милозвучен и наликувал на птичја песна.
Времепловецот не го разбира јазикот на луѓето во иднината но се обидува да го научи
Времепловецот: љубопитство- ги запознава луѓето од идинината, чудни му се, сака да го заучи нивниот јазик
Елоите: зачудени бидејќи доаѓа суштество кое е сосем различно од нив.
  1. Времепловот е изгубен ( Додека времепловецот го запознава новиот свет, некој го краде времепловот. Времепловецот е нервозен и испаничен. Насекаде бара. Настанува хаос. Но тоа му дава подобро да го запознае новиот свет. Наскоро ја запознава Вина, која му станува најдобра пријателка.)
  • Вина: мало нежно суштество кое му подарува цвет на времепловецот, во знак на благодарност. Пријателството траело една недела.
    - времепловецот: исплашен дека можеби го изгубил своето време, и дека беспомошен ќе остане во тој нов чуден свет.
Времепловецот е доста нервозен ,бидејки времепловот е украден.
Времепловецот: испаниченост, нервоза поради то што го нема времепловот, а доколку не го најде нема да може да се врати назад.
Вина: љубов кон времепловецот бидејќи ја спасил од давење.
  1. Морлоци ( Убеден дека неговиот времеплов се наоѓа во еден од подземните тунели, времепловецот тргнува по потрага во него. По влегувањето во тунелот тој ги забележува непознати суштества, Морлоци. Тие живеат подземја и не гледаат на светлина. Тие го забележуваат времепловецот во тунелот и го бркаат. Тој едвај се спасува.)
  • Морлоците: имаат избледена боја на кожа како мртвите тела во зоолошките градини.
    - времепловецот: не се чувствува добро, бидејќи го мачеле разни сомнежи. Вознемиреноста и чувството на несигурност го терале да продолжи подалеку во своите истражувања.
Времепловецот не може да го најде излеот од тунелот во кој се изгубил
Времепловецот:
Неизвесност, незнае дали ќе го најде времепловот, незнае што може да има внатре во тунелот.

Љубопитство, сака да дознае кои се суштествата кои ги сретнува во тунелот.

Страв, бидејќи го бркаат Морлоците.
Вина: преплашена бидејќи времепловецот оди во тунелот.
  1. Времепловецот бара засолниште од Морлоците ( Преплашен од помислата дека Морлоците ќе го нападнат, Времепловецот заедно со Вина тргнува во потрага по засолниште. Тој се упатува кон палатата од зелен порцелан.)
  • Времепловецот: сеќавајки се на високите врвови и на зелената палата од порцела, ја земал Вина и ја ставил на рамо и тргнале натаму.
    Вина: била радосна барајќи да ја спушти на земјаза да бере цвеќиња и да ги става во неговиот џеб. Времепловецот и ги покажува врвовите на зелената палата каде што ќе бараат засолниште.
Времепловецот сеуште не може да го најде излезот од тунелот
Времепловецот: страв од Морлоците
  1. Во палатата од зелен порцелан ( По долгиот пат, Времепловецот конечо пристигнува во палатата од зелен порцелан. Набргу сфаќа дека тоа всушност претставувало музеј. Разгледувајќи ги  на собите, времепловецот наоѓа и неколку потребни работи. Тој заедно со Вина решаваат да се вратат назад.)
  • Времепловецот: пресреќен дека пристигаат во палатата. Наоѓа многу потребни работи.
    - Вина: сосема е смиренаи не се плаши.
Времепловецот бил доста возбуден откако ги видел тие чудни работи во палатата
Времепловецот: љубопитство, сака да разгледа што се има во зградата, да пребара и да најде дали има некои потребни работи.

Вина: љубопитство, бидејќи гледа нови и интересни работи
Страв, бидејќи мисли дека ќе ги нападнат Морлоците кога ќе се стемни.
  1. Времепловецот се бори со Морлоците ( Откако ќе собере материјали од палатата, времепловецот и Вина тргнуваат да се вратат назад. Но во шумата, иако Времепловецот бил претпазлив, сепак ги напаѓаат Морлоците. Во таа битка, Времепловецот ја губи вина.)
  • Времепловецот- истоштен и изморен решава да се враќаат назад. Загрижен е да не ги нападнат Морлоците.
    - Вина: Уморнане сакала да оди понатаму, бидејки се плашела од Морлоците
    - Морлоци: Џагор и движење на големата толпа морлоци. Во шумата владее тишина а тие со лепливите раце им се доближуваат на Вина и времепловецот.
Времепловецот и вина додека биле во шумата незнаејќи дека се оддалечуваат еден од друг,тие се изгубиле
Времепловецот: страв, бидејќи може да го нападнат Морлоците неизвесност, незнае од која страна ќе нападнат, незнае кога ќе излезат од шумата.
Вина: страв од Морлоците.
  1. Времепловот е пронајден (Времепловецот се враќа назад и преспива на истото место каде што пристигнал. Другиот ден, со лостот во рака, се упатува кај сфингата сакајќи да отвори една од плочите каде што мисли дека се наоѓа времепловот. Во тунелот под таа плоча го пронаоѓа времепловот, но забележува дека таму се Морлоците. Брзо ја мести рачката и тргнува.)
  • Времепловецот: возбуден и среќен бидејќи е пронајден времепловот.Тој успева да избега.
    - морлоците: сакаат одмазда и повторно го напаѓаат времепловецот.
Времепловецот оди каде што мисли дека ќе ја најде машината за да се врати во својот роден крај
Времепловецот: среќа,бидејќи го наоѓа времепловот
Возбуда, бидејќи ќе се врати дома.
  1. Продолжување кон иднината ( Во целата збрка со Морлоците, со цел побргу да избега, времепловецот ја крева рачката горе и патува подалеку во иднината. Доаѓа во свет каде што животот скоро не изумрел, и набрзина ја притиска рачката надолу и се враќа во минатото.
  • Времепловецот: исплашен и зачуден од новиот свет во кој доаѓа
    - џиновски рак- со долг пипала, како камшици, бавно се движи, рапав грб со израстоци,очи како метал мазна глава.
Времепловецот сеуште не се откажува од патувањата кон иднината
Времепловецот:изненаденост, бидејќи гледа свет без луѓе, свет во кој животот само што не згаснал.
  1. Времепловецот се враќа ( По долгото патување, времепловецот конечно се враќа назад донесувајќи ја својата приказна за патувањето низ иднината. Никој неможе да поверува па уште наредниот ден тој тргнува пак земајќи фотоапарат, Но тој никогаш не се вратил назад.
  • Времепловецот: среќен што се враќа дома, изнемоштен искинат извалкан.
    - гостите: воодушевени од приказната но и не му веруваат за тоа.
Времепловецот отишол далеку во иднината со неговата машина и никогаш повеќе не се вратил назад кон својот роден крај.
Времепловецот: среќа,бидејќи се враќа дома, ги гледа своите пријатели
Решителен, сака да им покаже на своите пријатели дека навистина патувал низ иднината, и затоа повторно тргнува на пат земајќи и фотоапарат за да донесе докази.

1 comment:

  1. Мене ми се допаѓа начинот на уредување, добро е напишано, најбитните рабори се напишани. Така да продолжите

    ReplyDelete