Friday, March 31, 2017

Биографија на Каролина Гочева ( оценување на групната работа)


   За 16. III 2017, наставничката по македонски јазик, Валентина Петрова, ни зададе проектна задача за обработка на биографија за некоја личност. Таа не не подели по групи, туку ние сами се определивме со кој ќе бидеме во група. Групата требаше да брои 3 члена. Јас бев во група со моите соученички Марија Лекиќ и Елена Стаматовска.

   Личноста, чија биографија ја обработувавме, ја добивме така што лидерот на групата ( во мојата група лидер беше Марија Лекиќ) влечеше ливче. Ја добивме Каролина Гочева, позната македонска пејачка, и се одлучивме нашата презентација да биде во Power Point. Како извори на информација ги користевме: Википедија( Wikipedia), официјалниот сајт на Каролина Гочева и тајм.мк ( time.mk). Најголема помош ни беше планот за тоа кои информации треба да ги содржи биографијата, кој го работевме со наставничката Валентина на еден од часовите по македонски јазик.


   Имавме одлична соработка, секоја од нас даваше свое мислење, помагаше, наоѓаше информации. Воедно, научивме нешто една од друга. Од Марија Л. научив и ги подобрив моите вештини во работење на Power Point, а од Елена дека и интервијуа можат да служат како извор на некоја информација. Сметам дека имавме солиден проект и  презентациција, но секогаш може подобро. Можевме подобро да испрезентираме, да додадеме нешто во презентацијата што ќе не разликува од другите. Се на се сум задоволна од нашата соработка и успехот што го постигнавме.

2 comments:

  1. Мене многу ми се допаѓаше вашиот проект. Се гледаше дека навистина сте се труделе и заедно сте работеле. Кога раскажувавте за нејзината биографија сите течно зборевте и ви беше убаво извежбано. Се надевам дека ќе продолжите вака во иднина, а можеби и ќе се подобрите :)

    ReplyDelete
  2. Ми се допадна вашиот проект и начинот на кој го презентиравте. Се забележа дека сте имале одлична соравботка и дека сте вложиле многу труд и време во него. Сте се задржале за темата и така треба, но секогаш има место за подобро.

    ReplyDelete