Tuesday, May 8, 2018

Опис на ликот на Антигона

Како една од најпознатите драми на светско ниво е токму драмата ,,Антигона'' која е напишана од страна на Софокле. Драмата е напишана во античкиот период и е дел од величенствената триологија на Софокле, во која припаѓаат: ,,Царот Едип'' и ,, Едип во Колон". Целата драма се темели на честа, почитта и пожртвуваноста за семејството, а Софокле тоа ни го доловува низ разни ситуации и ликови.
   Носител и најголемата жртва во ова дело е Антигона. Таа е ќерка на Царот Едип и Јокаста, кои всушност се мајка и син. Растена во тага, поради се што се случувало во семејството, почнувајки од самоубиството на мајка и и татко и кој заминува во Колон, па се до расправијата и убиството на нејзините браќа, сепак Антигона е една силна и достоинствена жена која не дозволува брат и да заврши непогребан. И така своеглаво, одлучно и цврсто решава да го погреба брата си без разлика на последиците, без разлика на се, бидејќи таа е непокорлива.
   Ставот и одлучноста на Антигона може да се забележат и во нејзините зборови дека  мртвиот сопруг се заменува лесно, дека и ново дете може да се роди, но нов брат не може да се има поради мртвите родители. Тука се забележува целата нејзина пожртвуваност која ја прави за семејството, таа буквално се откажува од сопствената среќа, љубовта и животот.
   Од гледната точка на останатите ликови, постапките и однесувањето на Антигона е неприфатливо. Меѓу нив е и сестра и Исмена, кога во нивниот конфликт, со кој всушност започнува драмата, и вели на Антигона дека нејзината идеја е лудост и не треба животот да си го ризикува за тоа. Потоа доаѓа и Креон, кој е многу лут на Антигона поради нејзината постапка, па затоа и решава да ја убие.
   Драмата сепак завршува трагично. Хемон и Антигона заедно умираат, Креон бега а Исмена останува сосема сама. Сепак ликот на Антигона се смета за еден од најмоќните женски ликови во рамките на светската литература, поради нејзината одлучност, став и достоинство.
   

Wednesday, March 28, 2018

Дали мрзеливоста е добра особина или не?

Мрзеливоста е една од најлошите особини која еден човек може да ја поседува. Тоа е всушност безделничење, лежење и не постигнување ништо во животот. И иако можеби тоа е добро затоа што не се прави ништо, сепак носи многу тешки последици кои тешко може да се поправат.
    Зошто е мрзеливоста толку лоша? Многу луѓе би го поставиле тоа прашање. Една од причините е тоа што мрзеливите луѓе своите обврски ги префрлаат на туѓ грб. Така, другите се ставаат во тешка состојба поради тоа што имаат свои обврски кои треба да ги завршат, но сепак сакаат да направат услуга. За пример може да се земе делото ,,Силјан штркот'' и приказната која тоа ја носи. Силјан сите свои обврски ги оставал на татка си, а тој везден бил во меана. Како резултата на тоа, тој завршува на пуст остров каде може да се замине само со летање у е казнет подоцна семејството да си го гледа од далеку. Друг факт кој го поткрепува тврдењето е и тоа што слободното време кое го имаат луѓето што се замолени да извршат нечија задача е веднаш пополнето.
   Заостанатите, заборавени и навреме неисполнети обврски исто така ги носи мрзеливоста. Со тоа доаѓа до уште поголем проблем, а тоа е насобирање на обврски и материјал а и недостаток на време бидејќи за многу од задачите нема да се завршат.
   Мрзеливите луѓе многу тешко може да успеат и да се пробијат во животот. Тие си немаат поставено свои цели за кои би стремеле да ги исполнат. Едноставно немаат за што да се борат. Целиот живот тие го посветуваат на безделничење и спиејки на тоа дека друг ќе се бори за нив и нивната иднина. Но, сепак последиците доаѓаат подоцна во животот. Тие нема да може да си најдат работа, поточно ќе може да работата нешто што не сакаат. А сето тоа заради мрзеливоста. Од таквите луѓе произлегуваат само крајно непрофесионални личности и неодговорни, кои ќе не можат да се снајдат во ниедна професија и ситуација.
Мрзеливоста е една ужасна особина која може личност да ја поседува. Таа не може да донесе ништо добро, напротив носи многу тешки последици кои тешко се поправаат.

Tuesday, February 13, 2018

Обработка на делото ,,Прва љубов" од Иван С. Тургењев


                                                          Фабула
,,Прва љубов" е дело напишано од страна на рускиот автор Иван С. Тургењев. Главната тема во ова дело е првата љубов, која секој човек ја доживува. Конкретно во ова дело главниот лик Владимир Петрович, 40 годишен маж, преку тетратка им ја раскажува неговата приказна на пријателите. Тој на 16 годии се сели во Нескучни каде се заљубува во Зинаида, 21 годишна кнегињица.


                                Кратко сценарио на избран настан од делото


                                    Приказната на тројцата пријатели за првата љубов


*Ликови:
 - Владимир Петрович
( 40 годишен маж, со темна ишарана коса со бели влакна)

- Серѓеј Николаевич
( ниско човече, со полничко бело лице)

- домаќинот
( пријател на Владимир и Серге, домаќин на забавата)

                                                                    ***

( Владимир Петрович, Сергеј Николаевич и домаќинот, седат заедно во домот на домаќинот и разговараат. Наеднаш, од нигде, ја отвараат темата за првата љубов. Така сите тројца почнуваат, еден по еден, да ја раскажуваат приказната за првата љубов.)


- домаќинот: ( го соблекува палтото, го дава на слугата и седнува на каучот) Ајде г-не. Сергеј ваш е редот. Ајде да слушнеме за вашата прва љубов.

- Сергеј Николаевич: ( погледнува во Владимир, па потоа во домаќинот) Јас, драги пријатели, директно отидов на втора љубов.


-Владимир Петрович: ( зачудено погледнува во Сергеј) Како така г-не. Сергеј?

- Сергеј Николаевич: Па така, едноставно. Кога имав 18 години почнав да се додоворувам на една госпоѓица како да не ми е прв пат. Всушност јас прв и единствен пат се заљубив во мојата негователка, а тоа да бидам искрен не го ни паметам. Мојот ред помина, сега сте вие домаќине, ако не се лажам?

-  домаќинот: ( воздивнува, па почнува да зборува) Да да, мој е редот. Мојата приказна за прва љубов не е ништо возбудливо, ниту необично, а најмалку интересно. Мојата прва и единствена љубов е мојата прекрасна жена, Ана Иванова. Ние се запознавме, веднаш потоа нашите родители дознаа па не свршија. Следеше свадбата и ете, денес имаме две дечиња и сме многу среќни. Тоа е мојата приказна. Владимир Петрович дојдовме и до вас. Ајде раскажете ни.

- Владимир Петрович: ( воздивнува, погледнува низ прозорецот замислено и со блага насмевка, па им се обраќа на пријателите) Пријатели, јас малку ќе ве разочарам. Јас нема да ви ја раскажам сега мојата приказна.

- Сергеј Николаевич: ( со разочарувачки израз на лицето) Ама ајде сега ви се молам. Ние ја кажавме нашата приказна, сега е ваш ред, зошто сега вака правите?

- домаќинот: ( се согласува со Сергеј) Сосема е во право.

- Владимир Петрович: Немојте веднаш вака. Причината зошто не раскажувам е затоа што сум ужасен наратор. Имам многу интересна приказна, а доколку ви ја раскажувам нема ништо ниту да разберете ниту да доживеете.

- домаќинот: И сега?

- Владимир Петрович: ( се насмевнува) Имам идеја! Што велите на тоа вие мене да ми дадете една недела мојата приказна да ја напишам во една тетратка и по толку време да се собереме и да ви ја прочитам?

- домаќинот и Сергеј заедно: Може, така да направиме.

- Владимир Петрович: ( погледнува во часовникот) Ооо, веќе дошло еден часот по полноќ. Навистина е доцна, јас мора да одам. Пријатно на сите!

- Сергеј Николаевич: ( станува набрзина од столчето) Почекајте ме и мене Владимир.

       *** ( им ги даваат палтата, се поздравуваат со домаќинот и си заминуваат) ***








Friday, December 22, 2017

Есејска анализа на делото ,,Бескрајна приказна" од М. Енде

    Бескрајна приказна е дело напишано од страна на Михаил Енде кој претставува фантазија, а во заден план е авантурата.
   Во делото главната улога ја има Бастијан Балтазар Бак, кој е момче од 12 годишна возраст. Бастијан не е сакан од децата од неговото одделение и постојано е малтретиран, а причината е тоа што е поразличен од сите нив. Момчето Бастијан има само еден интерес- читањето и измислување приказни и книги. Но иако тој се обвинува себеси за тоа, токму таа разлика кје му ја донесе најдобрата авантура во животот.
   Бегајќи од неговите соученици по училиште, Бастијан случајно влегива во една книжарница. Таму го наоѓа сопственикот на книжарницата како чита необична книга која веднаш го привлекува. По краткиот разговор со сопственикот, телефонот ѕвони, а Бастијан го користи моментот да ја украде книгата со наслов ,,Бескрајна приказна''.
    Во ,,Бескрајна приказна'' се запознаваме со царството Фантазија. Ова е царство каде во слога живеат многу чудни суштества. Но на ова чудно царство му претстои огромен проблем. Детската Кралица треба да биде спасена од страшното Ништо. Тогаш се појавува јунакот од ,,Бескрајна приказна"- Атреј. Атреј мора да помин низа од препреки и проблеми за да дојде до лекот кој и е потребен на Детската Кралица.
   Како врвен настан во ова дело е средбата на Бастијан и Атреј. Решавајќи секакви проблеми, Атреј и Бастијан, од два различни света, се погледнуваат во очи: го чувствуваат присуството, гласот.....
   Работите почнуваат да се разрешуваат по средбата на Атреј со волкот Морг. Тој тогаш всушност дознава што е потребно за Фантазија да биде спасена од Ништото. Она што треба да се направи е луѓето да не губат надеж, да бидат креативни и нормално да фантазираат.
   Атреј се враќа во престолнината на Фантазија, тажен дека не успеал да најде решение за Ништото што го зафаќа целото царство. Тогаш кралицата му кажува дека има едно решение: Бастијан да и даде ново име. Тогаш Бастијан и го дава ново име и Фантазија е спасена од Ништото.

Sunday, November 26, 2017

Анализа на ликот на Рафаел Ди Валентин

,,Шагринска кожа" е дело на францускиот писател Оноре Де Балзак. Во ова дело се зборува за Рафаел Ди Валентин, кој на многу лош начин учи што е поважно во животот. Оноре Де Балзак, со својот величенствен начин на пишување, ни го доловува секој миг од животот на Рафаел и неговото страдање.
Рафаел е младо момче кое живее во Париз и својот живот го посветува на коцкање. Општеството во тој период може да се опише како општество во кое се гледаат моќта и парите и каде коцката е главната разонода. Ликот на Рафаел, главниот лик во делото, претставува статичен лик. Како главни показатели за тоа се што тој не презема никакви мерки да се одвикне од коцкањето и живее според правилата на коцката, што со текот на времето го вовлекува во провалија од која нема излез. Како лик се опишува и како прост, затоа што не владее со голем број на карактеристики што би го граделе неговиот карактер. Така што се доаѓа до заклучок  дека Рафаел е беден коцкар без цели во својот беден живот.
Рафаел, во главно, сите ликови го гледаат како наивен бедник кој е лесно да се измами. Едни од тие ликови се останатите ковкари од коцкарницата. Од друга страна, продавачот во продавнивата со антиквитети го гледа како алчен човек затоа што Рафаел веднаш се согласува да ја земе кожата што тој му ја нуди. Само Полина во Рафаел ја гледа љубовта на својот живот и човек за кој вреди да си го скратиш животот.
На крајот на делото, Рафаел ја сфаќа својата грешка. Грешката на алчноста. Грешката предизвикана од желбата за богатство и моќ. Тоа тој го разбира од Полина, девојката во која се вљубува. Тогаш тој сфаќа што е важно во животот. Дека е важна среќата и љубовта, а не моќта и парите. Но за жал, тој тоа го разбира кога е на работ на својот живот. Животот на Рафаел завршува откако шагринската кожа се тропи по неговата последна желба, а тоа е да ја прегрне Полина.
Делото ,,Шагринска кожа" е дело кое ни покажува како со магичен предмет Рафаел учи за животот. Ова дело сака да ни каже дека важна е среќата а не парите и дека треба да се трудиме да бидеме среќни во животот бидејќи со тоа сме многу побогати отколку да имаме пари.

Saturday, November 18, 2017

Есејска анализа на ликот на Бак од ,,Повик на дивината"- Џ. Лондон



    ,,Повик на дивинатае дело напишано од страна на Џек Лондон, американски писател кој живеел и творел во периодот од 1876- 1916 год. Ова дело се темели на авантурите кои ги доживува Бак, верно куче од сончевата долина Санта Клара.
    Дивината во кој Бак е принуден да живее, е место каде владее законот на посилниот или законот на крвот и забите. Под тоа се подразбира да немаш милост и да бидеш храбар ако сакаш ти да владееш со другите, а не тие да владеат со тебе. Бак веднаш штом пристигнува во дивиот север, го сфаќа ова и работи на себе да се прилагоди на средината.

      Дивината всушност го гради Бак  како лик со разновидност од карактеристики и лик кој се бори за себе и за својот опстанок. Бак претставува динамичен лик. На тоа укажуваат многу работи, како што се: тој зазема свој став, се бори за својата слобода кога го продаваат...
   Комплексноста на ликот, се забележува од тоа со колку карактеристики тој преовладува. Бак е храбро и издржливо куче кое се бори за себе и никогаш не бега од борба и не е кукавица. Тоа се забележува во борбата со Шпиц, каде всушност тој го бара поводот за да се започне борбата, и во нејзиниот тек издржува и не се откажува. Исто така во приказната на Џон Торнтон, Бак влегува во водата за да си го спаси сопственикот од давење. Верноста на Бак кон запрегата, се гледа во тоа како тој се бори за да го добие водечкото место, никогаш не ја остава запрегата се до моментот кога Џон Торнтон го зема затоа што е малтертиран од страна на Хал. Како верен пријател се покажува кон Торнтон, на кој му изразува голема пријателска љубов и кој го брани од се.

   Сето ова, придонесува сите ликови Бак да го гледаат со различни очи. Шпиц го гледа Бак како верен непријател уште од нивното соединување во запрегата. Цело време тој го напаѓа, пробува да ги сврти сите против него, но во тоа не успева и затоа е победен. По борбата со Шпиц, Франсоа го потврдува своето мислење за Бак. Тој целосно го зазема ставот дека Бак е храбро куче и го споредува со два демони. Џон Торнтон пак, Бак го смета како послушно и верно куче, кое се прави за да го спаси од невоља.

    Низ целото дело, како и низ сите авантури на Бак, може да се донесе заклучок дека Бак е куче кое секој би посакал да го има. 

Monday, October 16, 2017

Есејска анализа на ликовите од делото ,, Сердарот" на Г. Прличев




,,Сердарот е поема напишана од страна на Глигор Прличев, за која тој бил наречен и втор Хомер. Оваа поема е една од најзначајните негови дела за која тој и добил Златен венец. Главната тема во делото се подвизите на серадор Кузман Капидан, чиј главен противник се Гегите, а како помошник е неговата мајка Неда. Идејата на делото е да се прикаже животот на македонскит народ во тоа време и тешкотиите кои тој ги трпел.

Трите главни ликови во делото се:

* Кузман Капидан ( сердарот)- низ поемата, Прличев го има објаснето ликот на Кузман како борец, храбар, бестрашен лик кој и својот живот би го дал за својот народ и своето родно место. Пред се тој е син кој има огромна почит кон својата мајка Неда и почит кон својот татко кој исто така бил сердар. Тој всушност својата желба да биде сердар ја јавил уште од мали нозе кога сонувал да има огромен меч околу половината, со кој ќе го брани народот, а воедно  сака и да го одмазди својот татко кој трагично загинал бранејќи го својот народ. Во поемата се опишани неговите подвизи, неговата огромна храброст и решителност, како и борбите со Гегите ( Албанците) во која тој и загинал.

* Неда-  Прличев низ целата поема ликот на Неда го има опишан како жена која и покрај своите години има јака става, жена која има став, која е решителна, храбра и борец како својот храбар син Кузман. Пред се таа претставува мајка, која во својот живот го има само Кузман. И покрај тешката судбина на својот син, таа останува на нозе и силно ја претрпува неговата смрт, што ретко која мајка би го постигнала тоа . Кога го добива ветувањето од Албанците дека нејзината куќа нема да биде допрена, таа сака повеќе, односно бара целото село да биде безбедно и да не биде допрено од бандите на Гегите, а со тоа се докажува колку таа го сака својот народ и се грижи за него.

* Гегите (Албанците)- Гегите во поемата на Прличев, како еден лик, се всушност главниот противник на Кузман и меѓу нив е и главниот судир во делото. Опишани се како злосторници, непријатели на народот и на Кузман, убијци на Кузман... Тие го вршеле теророт врз народот, ограбувајќи го и нанесувајќи му зло. Кузман затоа и не ги сакал, односно ги мразел и се борел против нив. Во една од битките всушност тој и неговата дружина загинуваат. Но и покрај големиот број на лоши карактеристики и постапки, тие имаат храброст и го враќаат телото на Кузман на неговата мајка Неда, оддавајќи и почит и ветувајќи и дека нема да ја допрат нејзината куќа, а и по барање на Неда тие ветуваат дека нема да ги допрат ни другите селани.

Ова дело од Прличев плени со својата содржина, низ која се забележува колку Кузман е поврзан за своето родно место и за својот народ, па за да го одбрани од Гегите дури и својот живот го дава. Делото и ни го објаснува тешкиот живот на македонскиот народ, кој низ многу тешкотии и малтретирања морал да помине, а и животот на Гегите, кои во делото се крвници, но сепак накрајот оддават почит на Кузман Капидан, македонскиот заштитник.