,,Шагринска кожа" е дело на францускиот писател Оноре Де Балзак. Во ова дело се зборува за Рафаел Ди Валентин, кој на многу лош начин учи што е поважно во животот. Оноре Де Балзак, со својот величенствен начин на пишување, ни го доловува секој миг од животот на Рафаел и неговото страдање.
Рафаел е младо момче кое живее во Париз и својот живот го посветува на коцкање. Општеството во тој период може да се опише како општество во кое се гледаат моќта и парите и каде коцката е главната разонода. Ликот на Рафаел, главниот лик во делото, претставува статичен лик. Како главни показатели за тоа се што тој не презема никакви мерки да се одвикне од коцкањето и живее според правилата на коцката, што со текот на времето го вовлекува во провалија од која нема излез. Како лик се опишува и како прост, затоа што не владее со голем број на карактеристики што би го граделе неговиот карактер. Така што се доаѓа до заклучок дека Рафаел е беден коцкар без цели во својот беден живот.
Рафаел, во главно, сите ликови го гледаат како наивен бедник кој е лесно да се измами. Едни од тие ликови се останатите ковкари од коцкарницата. Од друга страна, продавачот во продавнивата со антиквитети го гледа како алчен човек затоа што Рафаел веднаш се согласува да ја земе кожата што тој му ја нуди. Само Полина во Рафаел ја гледа љубовта на својот живот и човек за кој вреди да си го скратиш животот.
На крајот на делото, Рафаел ја сфаќа својата грешка. Грешката на алчноста. Грешката предизвикана од желбата за богатство и моќ. Тоа тој го разбира од Полина, девојката во која се вљубува. Тогаш тој сфаќа што е важно во животот. Дека е важна среќата и љубовта, а не моќта и парите. Но за жал, тој тоа го разбира кога е на работ на својот живот. Животот на Рафаел завршува откако шагринската кожа се тропи по неговата последна желба, а тоа е да ја прегрне Полина.
Делото ,,Шагринска кожа" е дело кое ни покажува како со магичен предмет Рафаел учи за животот. Ова дело сака да ни каже дека важна е среќата а не парите и дека треба да се трудиме да бидеме среќни во животот бидејќи со тоа сме многу побогати отколку да имаме пари.
Sunday, November 26, 2017
Saturday, November 18, 2017
Есејска анализа на ликот на Бак од ,,Повик на дивината"- Џ. Лондон

Дивината во кој Бак е принуден да живее, е место каде владее законот на посилниот или законот на крвот и забите. Под тоа се подразбира да немаш милост и да бидеш храбар ако сакаш ти да владееш со другите, а не тие да владеат со тебе. Бак веднаш штом пристигнува во дивиот север, го сфаќа ова и работи на себе да се прилагоди на средината.
Дивината всушност го гради Бак како лик со разновидност од карактеристики и лик кој се бори за себе и за својот опстанок. Бак претставува динамичен лик. На тоа укажуваат многу работи, како што се: тој зазема свој став, се бори за својата слобода кога го продаваат...
Комплексноста на ликот, се забележува од тоа со колку карактеристики тој преовладува. Бак е храбро и издржливо куче кое се бори за себе и никогаш не бега од борба и не е кукавица. Тоа се забележува во борбата со Шпиц, каде всушност тој го бара поводот за да се започне борбата, и во нејзиниот тек издржува и не се откажува. Исто така во приказната на Џон Торнтон, Бак влегува во водата за да си го спаси сопственикот од давење. Верноста на Бак кон запрегата, се гледа во тоа како тој се бори за да го добие водечкото место, никогаш не ја остава запрегата се до моментот кога Џон Торнтон го зема затоа што е малтертиран од страна на Хал. Како верен пријател се покажува кон Торнтон, на кој му изразува голема пријателска љубов и кој го брани од се.
Сето ова, придонесува сите ликови Бак да го гледаат со различни очи. Шпиц го гледа Бак како верен непријател уште од нивното соединување во запрегата. Цело време тој го напаѓа, пробува да ги сврти сите против него, но во тоа не успева и затоа е победен. По борбата со Шпиц, Франсоа го потврдува своето мислење за Бак. Тој целосно го зазема ставот дека Бак е храбро куче и го споредува со два демони. Џон Торнтон пак, Бак го смета како послушно и верно куче, кое се прави за да го спаси од невоља.
Низ целото дело, како и низ сите авантури на Бак, може да се донесе заклучок дека Бак е куче кое секој би посакал да го има.
Subscribe to:
Posts (Atom)