
,,Сердарот” е поема напишана од страна на Глигор Прличев, за која
тој бил наречен и втор Хомер. Оваа поема е една од најзначајните негови дела за
која тој и добил Златен венец. Главната тема во делото се подвизите на серадор
Кузман Капидан, чиј главен противник се Гегите, а како помошник е неговата
мајка Неда. Идејата на делото е да се прикаже животот на македонскит народ во
тоа време и тешкотиите кои тој ги трпел.
Трите главни ликови во делото се:
* Кузман Капидан ( сердарот)- низ поемата, Прличев го има објаснето ликот на
Кузман како борец, храбар, бестрашен лик кој и својот живот би го дал за својот
народ и своето родно место. Пред се тој е син кој има огромна почит кон својата
мајка Неда и почит кон својот татко кој исто така бил сердар. Тој всушност
својата желба да биде сердар ја јавил уште од мали нозе кога сонувал да има
огромен меч околу половината, со кој ќе го брани народот, а воедно сака и да го одмазди својот татко кој трагично
загинал бранејќи го својот народ. Во поемата се опишани неговите подвизи, неговата
огромна храброст и решителност, како и борбите со Гегите ( Албанците) во која тој
и загинал.
* Неда- Прличев низ целата поема ликот
на Неда го има опишан како жена која и покрај своите години има јака става,
жена која има став, која е решителна, храбра и борец како својот храбар син
Кузман. Пред се таа претставува мајка, која во својот живот го има само Кузман.
И покрај тешката судбина на својот син, таа останува на нозе и силно ја
претрпува неговата смрт, што ретко која мајка би го постигнала тоа . Кога го
добива ветувањето од Албанците дека нејзината куќа нема да биде допрена, таа
сака повеќе, односно бара целото село да биде безбедно и да не биде допрено од
бандите на Гегите, а со тоа се докажува колку таа го сака својот народ и се
грижи за него.
* Гегите (Албанците)- Гегите во поемата на Прличев, како еден лик, се всушност
главниот противник на Кузман и меѓу нив е и главниот судир во делото. Опишани
се како злосторници, непријатели на народот и на Кузман, убијци на Кузман...
Тие го вршеле теророт врз народот, ограбувајќи го и нанесувајќи му зло. Кузман
затоа и не ги сакал, односно ги мразел и се борел против нив. Во една од
битките всушност тој и неговата дружина загинуваат. Но и покрај големиот број
на лоши карактеристики и постапки, тие имаат храброст и го враќаат телото на
Кузман на неговата мајка Неда, оддавајќи и почит и ветувајќи и дека нема да ја
допрат нејзината куќа, а и по барање на Неда тие ветуваат дека нема да ги
допрат ни другите селани.
Ова дело од Прличев плени со својата содржина, низ која се забележува колку
Кузман е поврзан за своето родно место и за својот народ, па за да го одбрани
од Гегите дури и својот живот го дава. Делото и ни го објаснува тешкиот живот
на македонскиот народ, кој низ многу тешкотии и малтретирања морал да помине, а
и животот на Гегите, кои во делото се крвници, но сепак накрајот оддават почит
на Кузман Капидан, македонскиот заштитник.
,, Илијада” е прекрасно дело напишано од страна на грчкиот
писател Хомер, кој оваа книга ја темели врз настани од Тројанската војна. Низ
книгата, во која опишува мал период од десетата завршна година на војната, се
забележува и значењето на боговите во тој период.
Како судир во ова дело се
зема кавгата меѓу Агамемнон и Ахил, кои влегуваат во кавга поради тоа што
Агамненон му ја земал Брисеида на Ахил во замена на Хрисеида, која ја вратил на
татко и Хрис. Ахил, водачот на Ахајската војска и јунакот на Ахајците, многу се
лути кога ја дознава постапката на Агамненон, кралот на Ахајците. Ова доведува
мајката на Ахил да побара од Зевс да го убеди Агамненон да оди во војна. Зевс
му праќа порака на сон на Агамемнон, а тој решава да оди во војна и како повод го зема грабнувањето на Елена,
жената на брат му Менелај. Но во војната лутиот Ахил не зема учество.
Ахајците одат во војна против Троја, но
воената среќа се повеќе е на страна на Тројанците, бидејќи тие го имаат тројанскиот
јунак Хектор и воедно боговите повеќе им помагаат. Се пожестоки битки се водат
помеѓу Ахајците и Тројанците од ден на ден, но тоа не го убедува Ахил да оди во
војната. Кога Ахајците веќе се скоро потиснати до нивните бродови, Патрокле, најверниот
другарот на Ахил, оди во војната со цел да им помогне на Ахајците. Облечен во
облеката на Ахил, силниот Патрокле трга во војната, но по кратко време тој е
убиен од страна на Хектор. По телото на Патрокле доаѓа Ахил, кој откако ја
дознава веста е многу тажен и истовремено лут, што во делото претставува
кулминацијата или врвот на чувствата. Откако го зема Патрокле, Ахил го закопува
и приредува игри и гозба во негова чест. Убиството на Патрокле всушност и
претставува повод за борбата меѓу Ахил и Хектор.
Ахил и Хектор, неговиот непријател,
конечно се сретнуваат на бојното поле. Во битката Ахил победува убивајќи го
Хектор, а потоа го зема и неговото тело и го носи во своите шатори. Пријам,
таткото на Хектор и воедно кралот на Троја, спрема дарови за откуп на телото на
својот син и оди кај Ахил. Ахил ги прифаќа даровите и го дава телото, а со ова
е склучен дванаесет дневен мир меѓу Ахајците и Тројанците. Пријам откако го
зема телото на сина си, приредува свечен закоп. Ова претставува разрешувачкиот
настан и крајот на делото на Хомер.
Ова дело кај мене остави силен впечаток
поради својата непредвидлива содржина како и изобилството на ликови и нивните
карактеристики.