Friday, February 10, 2017

Дали времето во коешто живеам е најдобро за младите од мојата генерација?


   Порано си беше порано.
   Оваа изрека често ја слушаме од постарите.А, и имаат право, барем според мене.
   Денеска сме зависни од технологијата, разни смартфони, таблети, лаптопи и што ли не.Времето го поминуваме затворени во собите, гледајќи во мониторите, наместо да излеземе надвор и да се дружиме.
  Не само што сме дома цел ден пред мониторите и телефоните, туку и на роденденски забави и други прослави го правиме тоа.Се знаело како се прават роденденски забави и други прослави порано, со игра, разни песни и танцување.Денес типично е да сите да седиме и да си прелистуваме нешто по телефонот, а славеникот очекувал забава на која ќе се танцува, пее и сите ќе се дружат.
   Една од најлошите работи на денешницата е што се помалку има вистинска дружба.Поделени се момчиња и девојчиња, поделени сме во групи, нема надвор заеднички игри...Еден ден можеби нема да има ни пријатели.
  Светот порано бил многу поразличен.Имало вистински забави, денови полни со дружба и заеднички игри.Денес тоа се помалку го има, а еден од битните фактори за тоа е технологијата.

5 comments:

  1. Се согласувам со тебе!

    ReplyDelete
  2. Сосема се согласувам! Порано сите заедно играа надвор, посветуваа време со своите најблиски итн...

    ReplyDelete
  3. Се согласувам со тебе! Порано сите играа, се дружеа а сега нема ниту комуникација.

    ReplyDelete
  4. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
  5. Јас не се согласувам. Интернетот не е виновен што ние не знаеме како да се дружиме, виновни сме ние самите.

    ReplyDelete