Мрзеливоста е една од најлошите особини која еден човек може да ја поседува. Тоа е всушност безделничење, лежење и не постигнување ништо во животот. И иако можеби тоа е добро затоа што не се прави ништо, сепак носи многу тешки последици кои тешко може да се поправат.
Зошто е мрзеливоста толку лоша? Многу луѓе би го поставиле тоа прашање. Една од причините е тоа што мрзеливите луѓе своите обврски ги префрлаат на туѓ грб. Така, другите се ставаат во тешка состојба поради тоа што имаат свои обврски кои треба да ги завршат, но сепак сакаат да направат услуга. За пример може да се земе делото ,,Силјан штркот'' и приказната која тоа ја носи. Силјан сите свои обврски ги оставал на татка си, а тој везден бил во меана. Како резултата на тоа, тој завршува на пуст остров каде може да се замине само со летање у е казнет подоцна семејството да си го гледа од далеку. Друг факт кој го поткрепува тврдењето е и тоа што слободното време кое го имаат луѓето што се замолени да извршат нечија задача е веднаш пополнето.
Заостанатите, заборавени и навреме неисполнети обврски исто така ги носи мрзеливоста. Со тоа доаѓа до уште поголем проблем, а тоа е насобирање на обврски и материјал а и недостаток на време бидејќи за многу од задачите нема да се завршат.
Мрзеливите луѓе многу тешко може да успеат и да се пробијат во животот. Тие си немаат поставено свои цели за кои би стремеле да ги исполнат. Едноставно немаат за што да се борат. Целиот живот тие го посветуваат на безделничење и спиејки на тоа дека друг ќе се бори за нив и нивната иднина. Но, сепак последиците доаѓаат подоцна во животот. Тие нема да може да си најдат работа, поточно ќе може да работата нешто што не сакаат. А сето тоа заради мрзеливоста. Од таквите луѓе произлегуваат само крајно непрофесионални личности и неодговорни, кои ќе не можат да се снајдат во ниедна професија и ситуација.
Мрзеливоста е една ужасна особина која може личност да ја поседува. Таа не може да донесе ништо добро, напротив носи многу тешки последици кои тешко се поправаат.