Фабула
,,Прва љубов" е дело напишано од страна на рускиот автор Иван С. Тургењев. Главната тема во ова дело е првата љубов, која секој човек ја доживува. Конкретно во ова дело главниот лик Владимир Петрович, 40 годишен маж, преку тетратка им ја раскажува неговата приказна на пријателите. Тој на 16 годии се сели во Нескучни каде се заљубува во Зинаида, 21 годишна кнегињица.
Кратко сценарио на избран настан од делото
Приказната
на тројцата пријатели за првата љубов
*Ликови:
- Владимир Петрович ( 40
годишен маж, со темна ишарана коса со бели влакна)
- Серѓеј Николаевич ( ниско човече, со полничко бело лице)
- домаќинот ( пријател на Владимир и Серге, домаќин на забавата)
***
( Владимир Петрович, Сергеј Николаевич и домаќинот, седат заедно во домот
на домаќинот и разговараат. Наеднаш, од нигде, ја отвараат темата за првата
љубов. Така сите тројца почнуваат, еден по еден, да ја раскажуваат приказната
за првата љубов.)
- домаќинот: ( го соблекува палтото, го дава на слугата и седнува на каучот)
Ајде г-не. Сергеј ваш е редот. Ајде да слушнеме за вашата прва љубов.
- Сергеј Николаевич: ( погледнува во Владимир, па потоа во домаќинот) Јас,
драги пријатели, директно отидов на втора љубов.
-Владимир Петрович: ( зачудено погледнува во Сергеј) Како
така г-не. Сергеј?
- Сергеј Николаевич: Па така, едноставно. Кога имав 18 години почнав да се
додоворувам на една госпоѓица како да не ми е прв пат. Всушност јас прв и
единствен пат се заљубив во мојата негователка, а тоа да бидам искрен не го ни
паметам. Мојот ред помина, сега сте вие домаќине, ако не се лажам?
- домаќинот: ( воздивнува, па почнува да
зборува) Да да, мој е редот. Мојата приказна за прва љубов не е ништо
возбудливо, ниту необично, а најмалку интересно. Мојата прва и единствена љубов
е мојата прекрасна жена, Ана Иванова. Ние се запознавме, веднаш потоа нашите
родители дознаа па не свршија. Следеше свадбата и ете, денес имаме две дечиња и
сме многу среќни. Тоа е мојата приказна. Владимир Петрович дојдовме и до вас.
Ајде раскажете ни.
- Владимир Петрович: ( воздивнува, погледнува низ прозорецот замислено и со
блага насмевка, па им се обраќа на пријателите) Пријатели, јас малку ќе ве
разочарам. Јас нема да ви ја раскажам сега мојата приказна.
- Сергеј Николаевич: ( со разочарувачки израз на лицето) Ама ајде сега ви се
молам. Ние ја кажавме нашата приказна, сега е ваш ред, зошто сега вака правите?
- домаќинот: ( се согласува со Сергеј) Сосема е во право.
- Владимир Петрович: Немојте веднаш вака. Причината зошто не раскажувам е затоа
што сум ужасен наратор. Имам многу интересна приказна, а доколку ви ја
раскажувам нема ништо ниту да разберете ниту да доживеете.
- домаќинот: И сега?
- Владимир Петрович: ( се насмевнува) Имам идеја! Што велите на тоа вие мене да
ми дадете една недела мојата приказна да ја напишам во една тетратка и по толку
време да се собереме и да ви ја прочитам?
- домаќинот и Сергеј заедно: Може, така да направиме.
- Владимир Петрович: ( погледнува во часовникот) Ооо, веќе дошло еден часот по
полноќ. Навистина е доцна, јас мора да одам. Пријатно на сите!
- Сергеј Николаевич: ( станува набрзина од столчето) Почекајте ме и мене
Владимир.
*** ( им ги даваат палтата, се
поздравуваат со домаќинот и си заминуваат) ***
*Ликови:
- Владимир Петрович ( 40 годишен маж, со темна ишарана коса со бели влакна)
- Серѓеј Николаевич ( ниско човече, со полничко бело лице)
- домаќинот ( пријател на Владимир и Серге, домаќин на забавата)
***
( Владимир Петрович, Сергеј Николаевич и домаќинот, седат заедно во домот на домаќинот и разговараат. Наеднаш, од нигде, ја отвараат темата за првата љубов. Така сите тројца почнуваат, еден по еден, да ја раскажуваат приказната за првата љубов.)
- домаќинот: ( го соблекува палтото, го дава на слугата и седнува на каучот) Ајде г-не. Сергеј ваш е редот. Ајде да слушнеме за вашата прва љубов.
- Сергеј Николаевич: ( погледнува во Владимир, па потоа во домаќинот) Јас, драги пријатели, директно отидов на втора љубов.
- Сергеј Николаевич: Па така, едноставно. Кога имав 18 години почнав да се додоворувам на една госпоѓица како да не ми е прв пат. Всушност јас прв и единствен пат се заљубив во мојата негователка, а тоа да бидам искрен не го ни паметам. Мојот ред помина, сега сте вие домаќине, ако не се лажам?
- домаќинот: ( воздивнува, па почнува да зборува) Да да, мој е редот. Мојата приказна за прва љубов не е ништо возбудливо, ниту необично, а најмалку интересно. Мојата прва и единствена љубов е мојата прекрасна жена, Ана Иванова. Ние се запознавме, веднаш потоа нашите родители дознаа па не свршија. Следеше свадбата и ете, денес имаме две дечиња и сме многу среќни. Тоа е мојата приказна. Владимир Петрович дојдовме и до вас. Ајде раскажете ни.
- Владимир Петрович: ( воздивнува, погледнува низ прозорецот замислено и со блага насмевка, па им се обраќа на пријателите) Пријатели, јас малку ќе ве разочарам. Јас нема да ви ја раскажам сега мојата приказна.
- Сергеј Николаевич: ( со разочарувачки израз на лицето) Ама ајде сега ви се молам. Ние ја кажавме нашата приказна, сега е ваш ред, зошто сега вака правите?
- домаќинот: ( се согласува со Сергеј) Сосема е во право.
- Владимир Петрович: Немојте веднаш вака. Причината зошто не раскажувам е затоа што сум ужасен наратор. Имам многу интересна приказна, а доколку ви ја раскажувам нема ништо ниту да разберете ниту да доживеете.
- домаќинот: И сега?
- Владимир Петрович: ( се насмевнува) Имам идеја! Што велите на тоа вие мене да ми дадете една недела мојата приказна да ја напишам во една тетратка и по толку време да се собереме и да ви ја прочитам?
- домаќинот и Сергеј заедно: Може, така да направиме.
- Владимир Петрович: ( погледнува во часовникот) Ооо, веќе дошло еден часот по полноќ. Навистина е доцна, јас мора да одам. Пријатно на сите!
- Сергеј Николаевич: ( станува набрзина од столчето) Почекајте ме и мене Владимир.
*** ( им ги даваат палтата, се поздравуваат со домаќинот и си заминуваат) ***