Friday, December 22, 2017

Есејска анализа на делото ,,Бескрајна приказна" од М. Енде

    Бескрајна приказна е дело напишано од страна на Михаил Енде кој претставува фантазија, а во заден план е авантурата.
   Во делото главната улога ја има Бастијан Балтазар Бак, кој е момче од 12 годишна возраст. Бастијан не е сакан од децата од неговото одделение и постојано е малтретиран, а причината е тоа што е поразличен од сите нив. Момчето Бастијан има само еден интерес- читањето и измислување приказни и книги. Но иако тој се обвинува себеси за тоа, токму таа разлика кје му ја донесе најдобрата авантура во животот.
   Бегајќи од неговите соученици по училиште, Бастијан случајно влегива во една книжарница. Таму го наоѓа сопственикот на книжарницата како чита необична книга која веднаш го привлекува. По краткиот разговор со сопственикот, телефонот ѕвони, а Бастијан го користи моментот да ја украде книгата со наслов ,,Бескрајна приказна''.
    Во ,,Бескрајна приказна'' се запознаваме со царството Фантазија. Ова е царство каде во слога живеат многу чудни суштества. Но на ова чудно царство му претстои огромен проблем. Детската Кралица треба да биде спасена од страшното Ништо. Тогаш се појавува јунакот од ,,Бескрајна приказна"- Атреј. Атреј мора да помин низа од препреки и проблеми за да дојде до лекот кој и е потребен на Детската Кралица.
   Како врвен настан во ова дело е средбата на Бастијан и Атреј. Решавајќи секакви проблеми, Атреј и Бастијан, од два различни света, се погледнуваат во очи: го чувствуваат присуството, гласот.....
   Работите почнуваат да се разрешуваат по средбата на Атреј со волкот Морг. Тој тогаш всушност дознава што е потребно за Фантазија да биде спасена од Ништото. Она што треба да се направи е луѓето да не губат надеж, да бидат креативни и нормално да фантазираат.
   Атреј се враќа во престолнината на Фантазија, тажен дека не успеал да најде решение за Ништото што го зафаќа целото царство. Тогаш кралицата му кажува дека има едно решение: Бастијан да и даде ново име. Тогаш Бастијан и го дава ново име и Фантазија е спасена од Ништото.